Овој приватен дом во Атертон ви нуди можност за уживање со пет ѕвездички…
Таа има површина од 1.000 квадратни метри и плоштина која изнесува еден хектар.
Во внатрешноста ве очекуваат шест спални соби и исто толку бањи. Во близина на оваа величествена вила се наоѓа и куќата за гости со две спални соби и две бањи.
Изградена во 2011 година, главната вила има отворена кујна, павиљон за забава со романтичен камин, централно греење и медиумски простор.
Други погодности кои ве очекуваат во неа се винскиот подрум со контролирана температура, спортскиот терен, игралиштето за деца и прекрасните градини кои ве повикуваат цел ден да уживате во нивниот рајски амбиент.










