6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПетте најскапи играчки во светот

Петте најскапи играчки во светот

Сте претпоставувале ли дека има кукла со дијамантски ѓердан или палата за кукли како луксузен четворособен стан. Сепак ги има! Тие се дел од најскапите играчки продадени некогаш на аукција:

Куклата Барби – 302.500 долари

barbi1

Најскапата Барби кукла во светот e направена од австралискиот дизајнер Стефано Кантури во 2007-та година и е облечена во црна вечерна наметка и црни високи чевли, но најскапиот елемент од нејзината тоалета е ѓерданот со три бели и еден розев дијамант.

Кукла Алберт Марк – 263.000 долари

barbi2

Најскапата ретро кукла, некогаш продавана на аукција е направена од францускиот скулптор Алберт Марк во 1914-та. Ова е една од малкуте останати кукли од вкупно 100-те направени во почетокот на векот за француската модна куќа Жан Марго Лакроа.

Најскапата куклена куќа – 256.500 долари

barbi3

Најскапата куќа за кукли е со иста вредност како луксузен  четворособен стан во Киев. За создавање на куќата наречена „Titania’s Palace“, Британецот Сер Невил Уилкинсон одвои 25 години од својот живот. Куќата за кукли се состои од 18 соби, а беше продадена на аукција во „Christie’s“ во 1978-та година.

Оловен војник – 200.000 долари

barbi4

Војникот „GI Joe“ е создаден од Дон Левин во 1963-та година, а беше продаден во 2003-та година за рекордни 200 илјади долари.

Плишано мече – 195.000 долари

barbi5

Колекцијата од мечиња „Teddies De L’An 2000“ е направена специјално за аукција во Монако во 2000-та година. Сите мечиња беа облечени во костуми од различни дизајнери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП