26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung Galaxy Z Flip 2“ може да пристигне во текот на првата...

„Samsung Galaxy Z Flip 2“ може да пристигне во текот на првата половина од 2021-ва

Се појавија информации во врска со можната премиера на телефонот „Samsung Galaxy Z Flip 2“. Претходните гласини сугерираа дека овој уред ќе биде одложен за подоцнежен период во текот на следната година. Сепак, се чини дека „Samsung“ најде начин да го објави флексибилниот телефон во текот на првата половина од 2021-ва година.

Минатиот месец, дојавувачот „@DSCCRoss“ објави на „Тwitter“ дека „Samsung“ ќе го објави „Galaxy Z Flip 2“ подоцна во текот на 2021-ва година. Сега тој повторно се огласи со нови информации, и овој пат верува дека телефонот сепак ќе успее да биде објавен во текот на пролетта следната година. Тој исто така посочува дека „Z Flip 2“ нема да биде подготвен да се појави на пазарот со серијата „Galaxy S21“.

Ова може да значи дека „Samsung“ ќе одржи специјален настан, за време на кој ќе го претстави „Galaxy Z Flip 2“, а можеби и некои други производи. За потсетување, првиот „Galaxy Z Flip“ беше објавен во февруари годинава во 4G верзија, додека 5G варијантата беше претставена пред неколку месеци.

„Samsung Galaxy Z Flip 2“ се очекува да има поддршка и за 4G и 5G, а гласините сугерираат дека ќе ја задржи истата цена како претходникот. Телефонот претходно се појави на „Geekbench“ со чипсет „Qualcomm Snapdragon 865“ и 8 GB RAM, како и 256 GB простор за складирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП