26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: Сончева диета – 4 кг помалку за 8 дена

ДИЕТА: Сончева диета – 4 кг помалку за 8 дена

Сончевата диета е брза диета, со која може убаво да ослабнете, а притоа да не се трудите премногу.

Таа е добро позната диета која уште ја нарекуваат и диета со жолта боја.

Инаку, денес брзите диети се многу попопуларни од останатите диети. Тие ви овозможуваат да намалите неколку килограми за недела или две.

Сончева диета – општи информации

Сончевата диета не би требало да трае повеќе од осум дена. Ако правилно ја следите, може да намалите и до четири килограми. Основно правило на оваа диета е дека можете да користите само природни производи и тоа само оние кои се со жолта боја.

Намирниците кои може да ги користите во текот на оваа диета се: агруми, кашкавал, кајсии, дињи, банани, тикви, жолти јаболка, круши и други намирници со жолта боја. Дневно може да конзумирате до 500 гр жолта храна. Покрај ова, потребно е да се усогласите со уште еден услов: дневниот оброк треба да содржи најмалку четири различни намирници и тие да се користат во еднакви количини. Во текот на сончевата диета може да пиете вода и жолти сокови но треба да се има на ум дека сокот исто така е вклучен во вкупниот износ на конзумираната храна.

suncana_dijeta-01

Додатни напомени

Како и (речиси) секоја диета и оваа ќе биде многу поефикасна во комбинација со вежби, затоа што физичката активност не само што ја намалува тежината, туку и помага да се намали обемот на телото што е приоритет за оние кои се на диета. Секојдневно брзо получасовно пешачење е сосема доволно.

Сончевата диета е контраиндицирана кај трудниците и луѓето кои имаат хронични болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП