29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во Куманово е пониска за 150 евра од таа во...

Просечната плата во Куманово е пониска за 150 евра од таа во Скопје

Со автомобил се стигнува за дваесетина минути, оддалеченоста меѓу Скопје и Куманово е само 40 километри  –  но 150 евра – толку е разликата во просечната плата која ја зема Македонец во зависност од тоа дали живее во Скопје или Куманово.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат драстични разлики во просекот на платите кои ги земаат граѓаните во зависност од тоа дали припаѓаат на развиен или помалку развиен дел од земјава. Па така просечната плата на жител на Скопскиот регион лани била 28.872 денари и тоа е највисоката плата во однос на сите останати уште седум региони во земјава. Најнискиот просек е во Североисточниот регион (Куманово, Крива Паланка, Липково, Ранковце, Старо Нагоричане) или лани таму за иста работа, ист труд просекот бил 19.761 денари. Додека пак, статистика измери дека просечната плата лани во земјава била 25.213 денари. Освен скопскиот регион каде се исплатувале плати над просекот, во сите останати седум региони во земјава се делеле плати кои се по најмалку педестина евра пониски од македонскиот просек, само Скопскиот регион е со нешто над педесетина евра над македонскиот просек. Па така, просечната плата во Варадарскиот регион е 21.052 денари, во Источниот е 20.617 денари, во Југозападниот е 22.298 денари, во Југоситочниот е 20.358 денари, во Пелагонискиот е 23.675 денари, во Полошкиот 23.528 денари.

Какви што се разликите во платите таква е разликата и во стапката на невработеност. Така, лани ако невработеноста во земјава била 17,3 проценти, во Скопскиот регион таа изнесувала 14,7 проценти. Убедливо највисока стапка имал пак Североисточниот регион, каде дури 33 проценти од населението лани било невработено. Во однос на 2018 година тоа е подобрување за два процентни поени, бидејќи статистика измерила дека таа година 35,9 проценти од населението во Североисточниот регион било невработено.

Податоците на статистика покажуваат дека Југоисточниот регион има убедливо најниска стапка на невработеност од само 6,3 проценти, следува источниот до 7,8 проценти, па Вардарскиот со 10,8 проценти и пелагонискиот со 13,1 проценти. Над просечната стапка во земјава од 17,3 проценти покрај Североисточниот регион кој е со највисока од 33 опроценти, е и Југозападниот каде 24,4 проценти од населението е нвработено.

Речиси иста е сликата и со Бруто-домашниот производ. Скопскиот регион создава 43 проценти од вкупната економија во државата.  Па така Скопскиот регион со 43% има најголемо учество во бруто домашниот производ (БДП) на Македонија за 2018 година, додека најмало учество има североисточниот регион со 4,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Втор регион според учество во БДП е Пелагонискиот 11,2%, а зад него е Југоисточниот со 9,4%. Поголем БДП по жители, во споредба со државниот просек, имаат: Скопскиот регион (42%), Југоисточниот (12,2%), Вардарскиот (4,6%) и Пелагонискиот (1,7%).

Сите други региони (источен, југозападен, полошки и североисточен) имаат БДП под просекот на земјава. Па така, бруто домашниот производ на земјава во 2018-та година изнесувал 660.878.000.000 денари, од кои по глава жител отпаѓаат 318.309 денари. БДП во скопскиот регион има вредност од 284.394.000.000 денари, што по глава жител е 451.983 денари. Втор по БДП по глава на жител е Југоисточниот регион со 357.072 денари, следува Вардарскиот регион со 332.992 денари, па пелагонискиот со 323.740 денари.

Под просекот на земјава пак БДП по жител е во другите региони. Најнизок е во Полошкиот регион каде е повеже од  двојно понизок од просечниот и изнесува 148.785 денари, па во  Североисточниот регион, каде изнесува 184.163 денари,па следува Југозападниот со 250.902 денари и Источниот каде малку е понизок од просечниот и изнесува 310. 999 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП