29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗима - уште една мака за авиокомпаниите

Зима – уште една мака за авиокомпаниите

Зголемениот број на лица заразени со Ковид-19 вршат притисок врз обновувањето на воздушниот транспорт, правејќи ја зимата тест за превозниците, кои сега се надеваат на скок во пролетната сезона, објави „Bloomberg“.

Авиокомпаниите ги повикуваат владите да го зголемат тестирањето, како и да обезбедат дополнителни „корона коридори“ (взаемно отворање на границите меѓу земјите кои се во слична фаза во борбата против коронавирусот) да се стимулира побарувачката. Во втората половина на годината, на индустријата и се заканува загуба од 77 милијарди долари.

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт повика на нова владина поддршка, истовремено истакнувајќи ја важноста на безбедноста на летовите.

Проблемите за индустријата се очигледни низ целиот свет, а авиокомпаниите кои се откажаа од претходните предвидувања, според кои сообраќајот треба постепено да се зголемува на нормалното ниво пред пандемијата во четвртиот квартал. Наместо тоа, превозниците ги намалуваат и ги кратат своите финансии.

Авиокомпанијата „Cathay Pacific Airways Ltd.“ ќе укине повеќе од 5.000 работни места и ќе затвори регионален оператор во негова сопственост. Матичната компанија на „British Airways“, „IAG S“ веќе не очекува обновување на летовите во последните три месеци од годината и го намалува нејзиниот капацитет. „American Airlines Group Inc.“ дозволи продажба на акции за 1 милијарда долари откако стана јасно дека има трошок до 30 милиони долари на ден во овој квартал.

Исклучок во овој случај е Кина, каде се контролира пандемијата, а домашните летови се искачија на нивоата пред една година. Во Соединетите држави, авиокомпаниите превезуваат 1 милион патници дневно, првпат од март. Сепак, воздушниот сообраќај е на тоа ниво што беше пред повеќе од три децении.

„Останува нејасно дали Кина може да биде модел за тоа како ќе изгледа закрепнувањето на другите пазари на кратки и средни растојанија, како што се Соединетите држави или Европа или само аспектите на нејзината географија и култура што ја прават поинаква“, рече Ник Канингам, аналитичар во агенцијата „Partners“.

Доколку другите пазари успеат да ја следат Кина, ова исто така ќе влијае на темпото на опоравување за производителите на авиони „Airbus SE“ и „Boeing Co.“. „Airbus“ се подготвува да го зголеми производството следната година на својот најважен авион „А320neo“, како знак на зголемена доверба дека побарувачката за авиони се движи кон закрепнување. Европскиот производител на авиони истакна дека плановите сè уште не се конечни.

Од своја страна, „Boeing“ се подготвува да го врати на небото својот „737 Max“, кој беше приземјен на глобално ниво 17 месеци по две несреќи. Американските и европските регулатори се во завршна фаза на одобрување на повторно пуштање во работа на авионите. Кинеските власти посочуваат дека авионот е приоритет, но не даваат специфичен распоред за неговото враќање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП