7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLG подготвува неколку нови уреди!

LG подготвува неколку нови уреди!

lg

Од Јужна Кореја се појавија доста интересни вести за „LG“. Благодарение на информации кои протекоа од „KIPO“ (Korean Intellectual Property Office) – Агенцијата задолжена за интелектуалната сопственост во земјата, компанијата „LG Electronics“ ќе ги патентира следниве имиња – „G-Pad“, „G-Watch“, „G-Glass“, „G-Band“, „G-Link“ и „G-Hub“.

Тоа ни ги покажува намерите на компанијата во следните неколку месеци да претстави многу брендирани уреди како дел од „G“ серијата. Експертите веднаш започнаа со шпекулации дека станува збор за таблет, часовник, како и нараквицата „G-Band“ која ќе има спортски функции, исто како и „Nike + Fuelband“.

„G-Hub“ веројатно е услуга слична на „Samsung- Hub“, но уште поинтересна е ситуацијата со „G-Glass“, зад кој најверојатно стои проект за очила, слични на оние на „Google“.

Дали од „LG“ ги патентираат овие брендови, само за да ги имаат во своето портфолио или веќе имаат готови проекти, е малку тешко да се каже. Но ставајќи ги во „G“ серијата, можеби до крајот на годината или во рамките на следната може да очекуваме нови уреди од јужнокорејскиот гигант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП