18 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКалциум – важен минерал за нашето здравје

Калциум – важен минерал за нашето здравје

Калциумот е важен минерал кој што на сите ни е познат, затоа што има клучна улога во здравјето на коските. Тој помага уште и за одржување на здравјето на срцето, мускулите, нервите и забите. Поради тоа, консумирањето на доволно количество на калциум е особено важно за правилното функционирање на целиот организам.

Повеќе од 99 проценти од калциумот во нашето тело се складира во коските и забите, за да ги одржува цврсти. Кога калциумот се апсорбира во нашето тело тој со помош на витаминот Д се транспортира до коските. Таму, заедно со фосфорот им даваат цврстината на сите коски.

Коските растат и се оформуваат од десеттата до триесеттата година од нашиот живот. По 30-тата година тој процес се забавува и трае до 40-тата година. Потоа организмот започнува да троши од складираните резерви на калциум, за да го одржува правилното функционирање на нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Многу истражувања покажуваат дека калциумот штити од покачување на крвниот притисок. Исто така калциумот помага и во заштитата од канцерогени заболувања.

Некои од симптомите кои што можат да се појават при недостиг на овој важен минерал се: болки во зглобовите и чести скршеници по телото, кршливи нокти, инсомнија, грчеви во мускулите, екзема, вкочанетост во нозете и рацете.

Калциумот е најзастапен во млекото и млечните производи како јогурт, сирење, кашкавал и изварка. Но, исто така се среќава и во брокулите, спанаќот, кинеската зелка и житариците.

Внесувањето на доволно количество витамин Д ја подобрува апсорпцијата на калциум од организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП