20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако изгледа мозокот по само 20 минути прошетка

Како изгледа мозокот по само 20 минути прошетка

За време на физичките вежби не го вежбате само телото, туку и мозокот. Оваа слика, која претставува вистинска снимка од магнетна резонанца, докажува дека по само 20 минути прошетка вашиот мозок има зголемена активност.

Доктор Чак Хилман од Универзитетот во Илиноис е првиот кој ја откри оваа слика, која одлично потсетува на тоа како телото и умот не се два одделни концепти, туку дека меѓу нив постои силна врска.

Џејмс Алтучер, автор и успешен човек, кој ја напиша книгата за тоа како треба да живеете за да бидете успешни, објаснува дека токму оваа слика објаснува зошто физичката активност е многу важна.

„Опишав четири карактеристики: физичка, ментална, емотивна и духовна. Некои луѓе ме прашуваа на која карактеристика би требало да се фокусираат. Мојот одговор е: на сите. Тоа е клучот за успехот, тоа е едиствената целина која ви гарантира успех и здрав живот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП