25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИОРРМ преку видео конференција успешно организираше електронско изборно собрание

ИОРРМ преку видео конференција успешно организираше електронско изборно собрание

На 16ти октомври 2020 година се одржа изборното собрание на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ), за првпат во целосно дигитална форма. Во време на неизвесност и отежнати услови заради пандемијата на COVID-19, ИОРРМ одлучи 27-та седница на Собранието на ИОРРМ да се одржи во форма на видео-конференција, пред се поради заштита на здравјето на членовите и вработените на ИОРРМ.

Развојот на дигиталните алатки направи огромни промени во извршувањето на работните процеси, а притоа не ја одминаа ниту ревизорската професија, придонесувајќи за нејзиниот континуиран развој во склоп со времето во кое живееме. Токму овие придобивки беа истакнати од страна на ИОРРМ на собранието одржано овој петок, каде членовите на Институтот кои земаа масовен одзив, за првпат го остварија своето присуство по електронски пат.

Покрај редовните точки, на седницата беа спроведени избори на членови на органите и комисиите на ИОРРМ, како и избор на претставник на ИОРРМ за член на Советот за унапредување и надзор на ревизијта во Република Северна Македонија (СУНРРСМ), преку електронско тајно гласање.  

М6 Едукативниот центар како организатор ги овозможи сите технички услови се да помине во најдобар ред, што претставува добар пример и за многу други институции и компании кои во иднина можат на оваа локација и на овој начин да ги организираат своите настани.

„Според самата природа, ревизорската професија е прва која треба да се промени или поточно кажано, прва која треба да биде во тек со промените. Ние работиме во опкружување кое постојано се менува, со клиенти кои постојано се унапредуваат, така што треба да ги знаеме промените однапред, за да можеме адекватно да излеземе во пресрет на ревизорските барања, но и да укажеме на соодветноста на тие промени или да ги иницираме истите“, вели претседателот на Управниот одбор на ИОРРМ, Драган Димитров.

Според него, еден ревизор мора да биде подготвен постојано да учи и да напредува, да се надградува себеси, а со тоа да ја надградува и професијата. Во денешницата, тоа значи приклучување кон глобалните трендови и стандарди – најголем дел од нив диктирани од технологијата и користењето на дигиталните алатки со цел попрецизно и полесно завршување на работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП