27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбра го реши Интер

Ибра го реши Интер

Милан славеше над Интер во „Дерби дела Мадонина“ со 2:1. Дербито со два гола го реши ветеранот Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот со 39 години и 14 дена стана највозрасниот играч кој постигнал гол во градското дерби.

Брилијантно прво полувреме одиграа градските ривали кое во целост го одбележа Ибрахимовиќ.

Напаѓачот на Милан во 12 минута го намести Коларов да направи пенал. Тој го изведе пеналот, Хандановиќ го одбрани неговиот удар но топката се врати кај Ибрахимовиќ кој вториот пат не погреши.

Само три минути подоцна Леа испрати совршен центаршут, Ибрахимовиќ му побегна на Коларов и по втор пат ја затресе мрежата на Интер.

Интер ја преполовија предноста на ривалите во 28 минута, Перишиќ ја проби левата страна од одбраната на Интер и му асистираше на Лукаку кој лесно реализираше.

Второто полувреме не беше толку квалитетно како првото, Интер беа поактивни, а Милан трпеливо ја чекаа шансата од контранапади.

На десет минути до крајот Интер добија пенал, меѓутоа ВАР го поништо поради офсајдот на Лукаку.

Милан по четири кола се лидери во Серија А со максимални 12 поени, Интер се шести со седум бода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП