18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKPN го продаде E-Plus за 5 милијарди евра

KPN го продаде E-Plus за 5 милијарди евра

ilu

Холандскиот телекомуникациски оператор „KPN“ на компанијата „Телефоника Дојчланд“ и ја продаде својата германска подружница „E-Plus“  за пет милијарди евра во готовина.

Според тој договор „KPN“ ќе добие удел од 17.6 проценти во „Телефоника Дојчланд“, која е во сопственост на шпанскиот телекомуникациски гигант „Телефоника“.

Соошптението доаѓа откако најновиот извештај на „KPN“ укажа на пад на профитот на компанијата во вториот квартал за 108 милиони евра, што е за 68 проценти помалку во однос на истиот период од минатата година, а последица за тоа се тешките пазарни услови и константниот пад на бројот на корисници на фиксната телефонија.

„KPN“ исто така соопшти дека и нивната продажба во вториот квартал паднала за осум проценти или на 2.9 милијарди евра од 3.2 милијарди евра за истиот период од 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП