24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Rimac“ создава 2.300 работни места

„Rimac“ создава 2.300 работни места

Основачот и директор на компанијата за автомобили „Rimac“, Мате Римац ја претстави планираната изградба на кампусот на компанијата.

Тој го претстави планот на состанокот што го одржа вчера со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Во него ќе биде сместено седиштето на компанијата, како и модерни објекти за истражување и развој, паметна фабрика за високотехнолошки компоненти и електрични автомобили, како и дополнителни придружни објекти.

Инвестицијата во проектот на кампусот ќе овозможи реализација на сè поголем број проекти со кои се занимава компанијата на Римац, како и сериско производство.

Како што соопшти хрватската влада по состанокот, се планира да се отворат вкупно 2.300 работни места за високообразовани експерти.

Компанијата, исто така, планира да изгради тест-центар за технологија и компоненти за електрични возила, што е неопходно за да се задоволи зголемената побарувачка за нејзините услуги и да се прошират услугите за тестирање на системи на батерии, погонски системи и еколошка прифатливост на ваквите системи.

Наведено е дека инвестициите што ги планира „Rimac automobili“ имаат поширок контекст за развој на локалниот и националниот транспорт, но исто така и на инфраструктурата за образование и истражување и развој, а премиерот Пленковиќ „изрази поддршка за развојните иницијативи и инвестициите на „Rimac automobili“ и најави институционална поддршка за сите инвеститори што се развиваат во Хрватска и ги применуваат најновите технологии“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП