20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕТоп 10 најмирни земји за живеење

Топ 10 најмирни земји за живеење

Global Peace Index” направи анализа на 163 земји во светот со цел да изберат најмирни места за живеење. Листата на најмирни места за живеење на “Global Peace Index 2020” се заснова на три главни критериуми: социјална сигурност, количина на внатрешни и меѓународни конфликти и степен на милитаризација.

Анализата покажала и дека најмирни нации се оние кои имаат силна валута, многу странски инвестиции, пониски каматни стапки, политичка стабилност, но и лично чувство на среќа.

Десетта година по ред титулата најмирољубива земја во светот ја доби Исланд. Во земјата во која живеат околу 365.000 жители, немаат своја армија. Тие имаат ниска стапка на криминал во земјата, висока стапка на вработеност, импресивен образовен систем и систем на социјална помош. Покрај тоа, дури 97 проценти од граѓаните се опишуваат себеси како припадници на средна или високата работничка класа. Тие исто така реагираа брзо на првиот бран на коронавирусот, затворајќи ги своите граници за да го намалат ширењето на опасната болест.

Нов Зеланд е на второто место на листата на најмирни земји во светот, а третото место и е доделено на Португалија, која го надминува просекот на индустриски развиените земји во однос на домувањето, рамнотежата меѓу работниот живот, личната безбедност и квалитетот на животната средина.

Најголемиот број на листата на топ 10 најмирни места за живеење доаѓаат од Европа. Покрај Исланд и Португалија, на списокот се и Австрија, Чешка, Данска и Швајцарија. Шестото место е резервирано за Канада, седмото за Сингапур, а деветто за Јапонија.

10 најмирољубиви нации во светот според “Global Peace Index 2020”:

  1. Исланѓани
  2. Новозеланѓани
  3. Португалци
  4. Австријци
  5. Данци
  6. Канаѓани
  7. Сингапурци
  8. Чеси
  9. Јапонци
  10. Швајцарци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП