19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто ни е потребен витаминот А

Зошто ни е потребен витаминот А

Витаминот А е првиот откриен витамин, па затоа е именуван со првата буква од латиницата. Тој е особено важен за одржување на добар вид, за добрата состојба на коските, кожата, косата, забите и непцата. Без доволно витамин А, организмот е посклон кон инфекции.

Овој витамин е еден од најактивните антиоксиданси, а помага и во заштитата на кожата од штетните сончеви зраци. Особено е важен и во лекувањето на акни и мали брчки.

Докажано е дека витаминот А дејствува профилактично кај некои видови рак, помага за намалување на нивото на лош холестерол и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Симптоми при недостиг на витамин А

За среќа, повеќето луѓе внесуваат доволно витамин А преку храната. Но, недостигот на овој витамин иако е реткост, сепак се појавува. Особено изложени на ризик се луѓето болни од рак, туберкулоза, пневмонија, хронични болести на бубрезите или болести на простатата.

Некои од симптомите кои се појавуваат при дефицит на витамин А се:

Склоност кон вирусни инфекции, ноќно слепило, опаѓање на косата, загуба на апетит, проблеми со коските.

Витаминот А е застапен во рибиното масло, црниот дроб, јајцата, млекото и млечните продукти, туната, темнозелените и жолтите зеленчуци, морковот, дињата, компирите и др.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП