26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВинаријата на Бред Пит и Анџелина Џоли лансира нов шампањ неделава

Винаријата на Бред Пит и Анџелина Џоли лансира нов шампањ неделава

Додека беа во брак, Бред Пит и Анџелина Џоли ја купија винарницата „Флер де Миравал“, а неделава поранешниот холивудски пар ќе лансира ново пенливо вино. Пит (56) и Џоли (45) првпат го изнајмиле имотот Шато Миравал на југот на Франција во 2008 година пред да го купат целосно и да се венчаат таму во 2014 година.

Champagne Fleur de Miraval, новиот розе-шампањ на нивната компанија „Флер де Миравал“, го претстави своето пакување во понеделникот. Првите шишиња од лимитираното издание ќе бидат пуштени во продажба на 15 октомври по цена од 390 долари.

Андреас Ларсон, еден од најдобрите професионалци за вино во светот, му даде одлична оценка на новиот производ. По првата дегустција на 7 октомври, Ларсон на својот „Инстаграм“ откри дека е прилично импресиониран. „Морам да кажам дека бев прилично возбуден кога го пробав шампањот за кој сите зборуваат, но сè уште никој не го пробал“, напиша тој. „Одлична средба со мојот стар пријател Родолф Питерс, чии вештини за правење шампањ се исклучителни. Врвен, револуционерен стил кој комбинира ‘шардоне’ на Côte de Blancs, од кој дел е вистинска берба, дел резервни вина и дел зрели вина од шише. Грозјето ‘пино ноар’ на виното му дава карактеристична розова нијанса и арома на малина и цреша“, напиша Ларсон минатата недела.

Во август самиот Пит за списанието „Пипл“ изјави дека многу се радува и се гордее на виното. „Резултатот е спектакуларен и многу сум горд“. „За мене, шампањот доловува чувства на славење, квалитет, престиж и луксуз“.

Пенливото вино на Бред е создадено во куќата на шампањот во селото Меснил на југот на Франција. Ова е во непосредна близина на дворецот „Шато Миравал“, кој тој сè уште го поседува со поранешната сопруга Анџелина Џоли, а чија вредност е проценета на 60 милиони долари. Пит во неколку наврати истакна дека овој имот го смета како свој втор дом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП