19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕШто се криело во ковчезите стари повеќе од 2.500 години?(ФОТО)

Што се криело во ковчезите стари повеќе од 2.500 години?(ФОТО)

Мистеријата на запечатените и недопрени ковчези, постари од 2.500 години, откриени во Египет, е пред решение. Египтолозите откриле дека во тие ковчези има мумии на 59 свештеници, а биле пронајдени и необични статуи на богови, од кои едната е видена за прв пат.

За само еден месец, откако беа откриени првите 13 ковчези во близина на Сакара, археолозите открија вкупно 59, а египетското Министерство за антиквитети изјави дека потрагата продолжува и дека најверојатно има уште ковчези.

Добро сочувани дрвени ковчези, на кои дури и бојата беше зачувана по повеќе од 2.500 години, беа откриени во близина на пустинската некропола Сакара на почетокот на септември. Оттогаш се вршат ископувања на оваа локација.

Толкувањата на хиероглифите на ковчезите откриваат дека во нив се чуваат мумии на свештеници, објави египетското Министерство.

Покрај ковчегот, биле пронајдени 28 мали статуи на египетски богови. Една од најинтересните е статуата на богот Нефертем, висока 35 сантиметри. Овој египетски бог е насликан со коса во форма на цвет на лотос, што инаку беше негов заштитен знак.

Нефертем се сметал за син на богот Птах, креатор на светот и главно земско божество, кој на тој начин се славел во областа Мемфис и бил многу популарен во таа прва египетска престолнина. Се смета дека Сакара било место за погреби кое му припаѓало на Мемфис.

Како што се смета Птах, кој е обожуван како креатор на светот, со текот на времето тој бил изедначен со боговите на долниот свет, Сокар и Озирис. Во подоцнежниот период на Египет се сметал за бог на мртвите и господар на судбината.

Друга интересна статуа е приказ на богот Птах-Сокар, комбинација на два бога. Досега не е видена таква статуа, изјави поранешниот египетски министер за антиквитети Захи Хавас.

Инаку, Сакара го добила името по богот Сокар, кој исто така важел за бог на подземниот свет. Комбинацијата на овие два бога била популарна токму во времето од кое датираат ковчезите.

Станува збор за периодот на 26-та египетска династија, кога Египет се ослободил од вазалството на асирското кралство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП