20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Qualcomm“ во соработка со „Asus“ го подготвува својот гејмерски смартфон

„Qualcomm“ во соработка со „Asus“ го подготвува својот гејмерски смартфон

„Qualcomm“ подготвува настан на почетокот на декември, на кој се очекува да го претстават новиот смартфон со чипсет „Snapdragon 875“. Тој ќе се произведува во процес од 5 нанометри и ќе биде прв со јадро „Cortex-X1“.

Веб-страницата „DigiTimes“ известува дека „Qualcomm“ планира да претстави свој гејминг телефон до крајот на оваа година.

Телефонот ќе се развива и создава во соработка со „Asus“, но засега нема премногу детали. „Qualcomm“ веќе создава референтни плочи, но тие се наменети за да ги покажат можностите на најновите чипови.

„Asus“ има поголемо искуство со битните елементи, што би го направиле гејминг телефонот релевантен. Тоа вклучува голема брзина на освежување на екранот, засилено ладење, поголема батерија, прилагодени контроли и многу повеќе.

Се претпоставува дека ова партнерство е создадено пред „Nvidia“ да го најави купувањето на „ARM“. Гласинитe велат дека производителот на графички картички ќе го отфрли „Mali“ во корист на сопствениот „GPU“ дизајн на графички процесор, кој пристигнува со „GeForce“ брендирање. Поради тоа, „Qualcomm“ би можел да профитира од промовирањето на конкурентската „Adreno“ серија на графички процесори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП