26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕФилмската дива Моника Белучи наполни 56 години: Еве што има да каже...

Филмската дива Моника Белучи наполни 56 години: Еве што има да каже за убавината, љубовта, годините…

Моника Белучи, италијанска актерка и една од најубавите жени во светот, го прослави својот 56-ти роденден!

Подоле издвојуваме 10 од нејзините најдобри цитати:

1. Не ги мрази луѓето кои се љубоморни, затоа што тие препознаваат дека си најдобар.

2. Не чувствувам потреба да се докажувам на другите, туку да се докажувам себе си.

3. Наместо да одам во теретана, се облекувам во црно – многу попрактично и многу позабавно.

4. Убавината на жената станува проблем само во два случаи: кога не е таму и кога нема ништо друго освен убавина.

5. Ништо не ни припаѓа на нас: ниту нашите сопрузи, ниту нашите деца. Можеме да споделуваме само со луѓето што ги сакаме.

6. Жената може да сака така, како никогаш да не ќе замине. Но, може да дојде ден кога таа ќе замине така, како никогаш да не сакала.

7. Ни за ништо на светот не би посакала да сум повторно 20 години. Сега сум многу посреќна од тогаш, затоа што на таа возраст се запознаваме себе си, се обидуваме да разбереме што е тоа што сакаме да бидеме, патиме од несигурност. Сега точно знам што ми треба и без што можам да живеам.

8. Луѓето можат да му опростат на човечкиот ум, дури и на талентот, но убавината и успехот – никогаш!

9. Убавината станува поизразена и поинтересна кога е покриена со облека.

10. Кога луѓето ќе се разведат, тоа е голема трагедија, а потоа, од друга страна, ако останат заедно и не се согласуваат, трагедијата може да биде уште поголема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП