24 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилош Биковиќ: Ме викаа да влезам во политика! Сите повици на политичарите...

Милош Биковиќ: Ме викаа да влезам во политика! Сите повици на политичарите ги одбив

Младиот српски актер Милош Биковиќ со својот талент ја освои Србија, регионот, но и големата Русија! Снима филм за филм, нижи успеси и ужива во славата која ја доживува. Вакво лудило за еден уметник не постоело веќе подолго време, па така Биковиќ го бараат сите уредници, модни агенции, познати брендови, но и политички партии.

“Отворено ме повикуваа од разни партии да станам нивни член. Љубезно им се заблагодарив на сите тие повици и ги одбив. Никогаш не сум доживеал притисок или непријатна ситуација поради тоа. Никој не ми се јави и ми рече: “А не сакаш?! Е, сега ќе видиш како ќе поминеш”. Јасно е во која професија сум и максимално сум посветен на неа. Верувам дека јавните личности треба да ја искористат својата слава и влијание за да посочат проблем во општеството, но дека нема потреба нужно да се занимаваат со политика”, вели актерот во интервју за порталот Информер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар