5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФати побарал десет пати поголема плата

Фати побарал десет пати поголема плата

Вундеркиндот на Барселона Ансу Фати во наредниот договор ќе бара од клубот десет пати поголема плата.

Фати во неделата ги постигна првите два гола и избори пенал во убедливата победа на Барселона над Виљареал од 4:0.

Откупната клаузула на Фати од 170 милиони „скокна“ на 400.000.000 евра. Тој се уште не може да потпише професионален договор бидејќи има 17 години. Фати ќе стекне полнолетство на 31 октомври.

„Марка“ тврди дека тој наредната година ќе бара покачување и плата од 10.000.000 евра.

Исто така неодамна Барселона добила понуда од 150.000.000 евра за Фати, медимите шпекулираат дека понудата ја испратиле од Манчестер Јунајтед и тоа преку супер-менаџерот Жорж Мендеш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП