16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве како да заштедите во бањата!

Еве како да заштедите во бањата!

resize1

Во време на голема жртва и штедење, секојдневно не бомбардираат со совети за тоа како и каде да заштедиме. Еве уште еден: започнете во бањата.

Џеф Јеагер, американски еколог, напиша совети како да заштедите дома и тоа почнувајќи од бањата.

„Факт е дека луѓето фрлаат многу пари во бањата секој ден, и тоа повеќе отколку во било која друга соба“, рече почитуваниот еколог. Како прва грешка Јеагер ја наведува употребата на шампонот и количината која луѓето ја нанесуваат, иако шампонот треба да биде во многу помала количина.

„За едно миење на косата потребно е околу до 2 сантиметри во дијаметар, а не цела дланка полна со шампон, за пократка коса и помала количина е доволна“, вели Јеагер.

Друга работа на која треба да се обрне внимание е пастата за заби.

„Почнувам да „шкрипам“ со забите секој пат кога ќе видам реклама за паста за заби на која четката е преполна со паста за заби и изгледа како виенска колбасица”, вели Јеагер, притоа потенцирајќи ја Американската асоцијација на стоматолози кои велат дека за едно четкање доволно е да ставете паста со големина на зрно грашок. Потсетува на илузијата дека е подобро да миеш заби со повеќе паста.

Но, ова не е крајот на приказната за заштедата во бањата. Како најбесмислено губење на парите ги смета дезодорансите. Според некои студии цитирани од страна, Американците годишно за различни деодоранси трошат 2.3 милијарди долари.

Жанин Довние, американски дерматолог, изјави во интервју за „New York Times“ дека возрасни луѓе, без дерматолошки или хормонални проблеми, воопшто не треба да користат дезодоранси секој ден,  затоа што може да користат малку пудра и тоа ќе им биде од корист.

„Покрај тоа што ја уништуваат облеката, предизвикуваат алергиски реакции и други здравствени проблеми. А секојдневното прекумерно прскање, значи и прскање на своите пари“, предупредува екологот.

Амеркиканскиот експерт предлага и заштеда на тоалетна хартија. Тој смета дека два листа се доволни за мала нужда, додека за голема препорачува од 4 до 6 листа.

Како последно (и најлогично) нешто ја споменува можноста како да се заштеди на вода. Потсетува дека предолгото туширање, течењето на вода додека се мијат забите или течњето на „казанчето“ се најдобри примери за „истекување“ на парите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП