26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонската актерка oд хоророт „Ринг“ пронајдена мртва во својот стан

Јапонската актерка oд хоророт „Ринг“ пронајдена мртва во својот стан

Четириесетгодишната јапонска актерка Јуко Такеучи беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Токио.

Полицијата започна истрага, а според извештаите во медиумите, оваа наградувана актерка и мајка на две деца, најверојатно извршила самоубиство.

Телото на актерката го пронашол нејзиниот сопруг, исто така актер Таики Накабајаши, а лекарите во болницата ја констатирале нејзината смрт, пренесуваат медиумите.

Такеучи беше позната актерка во Јапонија, а најмногу ја знаат по улогата во познатиот јапонски хорор филм „Ринг“ од 1998 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП