25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСе продава фотографијата од глечерот кој го потопи Титаник

Се продава фотографијата од глечерот кој го потопи Титаник

Исклучителна фотографија од ледениот брег кој во 1912 година го потопи Титаник, снимена два дена пред несреќата, следната недела ќе биде понудена на аукција во САД, а цената и е проценета од 8.000 до 10.000 долари.

Аукцијата „RRAuction de Amherst“ во Њу Хемпшир, на која од 13 декември ќе се продаваат стотина предмети од Титаник, на својата интернет страница истакнува дека црно-белата фотографија од ледениот брег е „злокобно идентична“ со цртежите кои беа креирани од екипажот на бродот.

Фотографијата која ја направил капетанот на бродот Етонијан два дена пред бродоломот, прикажува „голем леден брег со карактеристична елипсовидна форма“, вели аукциската куќа која ќе ги продава овие предмети од 13 до 16 декември.

Титаник кој од Саутемптон во Англија пловеше во Њујорк, потона на 14 април 1912 година, два ипол часа по своето прво патување преку Атлантикот удри во леден брег. Тогаш животот го зaгубија 1.500 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП