28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Фејсбук“ се закани дека ќе ја напушти Европа

„Фејсбук“ се закани дека ќе ја напушти Европа

Технолошкиот гигант се судри со ЕУ во врска со забраната да испраќа кориснички податоци во САД за да не бидат изложени на разузнавачките служби.

Најголемата онлајн социјална мрежа нема да може да работи на територијата на Европската унија доколку биде забрането да испраќа кориснички податоци во САД, а Европејците нема да можат да го користат „Инстаграм“, кој е во сопственост на „Фејсбук“. Ова го наведуваат правните застапници на американската компанија во поднесокот до судот во Даблин, каде што е европското седиште на „Фејсбук“, со кое се бара замрзнување на процесот што го водеше ирскиот комесар за заштита на податоците, што беше одобрен од судот.

„Фејсбук“ ја негира проценката дека документот претставува закана за повлекување и вели дека тоа е само одраз на реалната состојба: многу компании зависат од преносот на податоци помеѓу ЕУ и САД, и без меѓународна правна рамка ќе трпи економијата, пренесува „Гардијан“. „Фејсбук“ предупредува дека забраната за пренос на податоци ќе предизвика последици врз бизнисот на компанијата, но исто така и кај 400 милиони корисници и 25 милиони компании во ЕУ кои ги користат нејзините апликации.

На почетокот на септември, ирскиот комесар за заштита на личните податоци му нареди на американскиот технолошки гигант да го прекине пренесувањето на податоците во САД, реагирајќи на јулската пресуда на Европскиот суд на правдата во Луксембург (ССЕУ) дека нема доволно гаранции дека американските разузнавачи нема да „душкаат“ по податоците на Европејците. Судот ја доведе во прашање законитоста на употребата на стандардни договорни клаузули на кои се потпира Фејсбук (дозволувајќи да се извезуваат податоци со претходна согласност на корисниците) во случаи кога податоците одат во компанија надвор од ЕУ што спаѓа во законите за надзор на американските разузнавачки служби.

Шефот за комуникации на „Фејсбук“, Ник Клег, поранешен британски вицепремиер од редовите на Либерално-демократската партија, на својот блог напиша дека меѓународниот трансфер на податоци е темел на светската економија и основа на многу услуги што ги користиме секој ден. На пример, германски стартап нема да може да користи облак услуги на американска компанија или француски трговец нема да може да има центар за повици во Мароко. „Фејсбук“ се жали дека бил неправедно третиран, бидејќи на ниту една друга компанија не и се изречени такви мерки, иако многу податоци се извезуваат од ЕУ во други земји.

Европската комисија се очекува да најде решение со американската влада за проблемот, што во основа е недоследност на двата правни системи кога станува збор за заштита на личните податоци. Соединетите држави даваат широки овластувања за надзор на разузнавачите, што е во спротивност со основното европско право на приватност. Европскиот комесар за правда Дидие Рејндер неодамна во Европскиот парламент рече дека Соединетите држави ќе мора да го променат законот за надзор со цел да се намали јазот што постои меѓу нив и европските закони за заштита на приватноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП