19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОнлајн продавницата „Митра“ слави прв роденден со виртуелен „Митрафест“

Онлајн продавницата „Митра“ слави прв роденден со виртуелен „Митрафест“

Македонската онлајн продавница „Митра“ прославува една година постоење. По повод роденденот, а истовремено почитувајќи ја моменталната здравствена ситуација, „Митра“ го организира виртуелниот музички фестивал  „Митрафест“ на кој учествуваат 12 етаблирани македонски диџеи, диџејки, како и музички ентузијасти, во чест на 12-те месеци работење.

Фестивалот е отворен за сите на посебна веб-страница на „Митра“, специјално изработена за оваа прилика, достапна на линкот www.mitra.mk/mitrafest. Таму, публиката може да ужива во 12 миксови и повеќе од 12 часови музика од артистите Мирко Попов, Боле, Ивана Драгшиќ, Маци Стојановиќ, Og!, Божидар Видоески, Зоки Бејбе, Виолета Качакова, Wish.ko, Илина Ангел, Дарко Јорданов, како и актерот Тино Костадиновски од „Театар Комедија“.

Покрај ексклузивните миксови снимени за роденденот, публиката може да ги прочита и честитките од диџеите, пријателите и партнерите на „Митра“, како и да испрати своја роденденска честитка во замена за ваучер за попуст. Од продавницата најавуваат дека роденденот ќе се прослави и со специјални подароци, промоции и попусти. Роденденската прослава „Митрафест“ ќе трае еден месец, сѐ до 24 октомври.

Во оваа најголема здравствена и економска криза Митра го прославува својот прв роденден. Нашиот пристап останува ист; остануваме фокусирани на нашиот долгорочен план, со посебен акцент на висок квалитет и задоволството на клиентите.

Планирајќи ја иднината, ги вложуваме нашите постоечки способности и вежбаме нови мускули, што ни дозволува да правиме работи за кои инаку не можевме ни да помислиме. Сите досегашни искуства ни даваат поттик храбро да чекориме во неистражени простори.

Имаме силно убедување дека клиентите ценат висок квалитет, ниски цени, огромен избор и брза, удобна испорака и дека овие потреби ќе останат стабилни со текот на времето. Нашата верба во издржливоста на овие столбови е она што ни дава потребна доверба за да инвестираме во нивно зајакнување. Знаеме дека енергијата што ја вложуваме ќе продолжи да се исплатува и во иднина,“ велат од „Митра“.

„Митра“ е онлајн продавница основана во 2019 година од женски тим, фокусирана на квалитетна и широка понуда на производи од домашни и светски добавувачи. „Митра“ има за цел да им го подигне квалитетот на животот и да им заштеди време на македонските потрошувачи нудејќи внимателно одбрани производи и експресна достава низ целата земја. Веб-страницата има современ, минималистички дизајн кој е лесен и прегледен за користење и фокусиран на едноставно, безбедно плаќање.

Е-продавницата има и општествено одговорна компонента и се грижи за животната средина, поради што доставата ја извршува со еко-пријателски возила, а производите ги пакува во хартиени ќеси и кутии.

Летово, „Митра“ беше актуелна и со колекцијата на облека „Ношпал Митра Limited Edition“ создадена во соработка со реномираниот македонски моден дизајнер Александар Ношпал ексклузивно за е-продавницата.

Во текот на првата работна година, „Митра“ брои четврт милион посети и повеќе од 1000 нарачки од земјава и странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП