28 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКралска даска за сурфање вредна 1.3 милиони долари

Кралска даска за сурфање вредна 1.3 милиони долари

daska

Рој Стјуард е прогласен за „гуру“ во производството на даски за сурфање, а тој сега создаде уште едно ремек-дело. Штицата за сурфање долга 4 метри е рачна изработка и е направена од дрво.

Тоа ќе биде модифицирана верзија на даската „Змеј“ која Стјуард ја произведе во 2000-та година. За разлика од неа, сепак новата верзија наречена „Queen of Diamonds“ ќе се најде на продажба.

Почетната цена за неа е 1.3 милиони долари. Даската целосно е изработена од реткото дрво „Paulownia“, без користење на пластика и фиберглас. За да ја усогласат со вистинските пропорции и тежината на сурфањето, Рој Стјуард ја применил својата технологија со собирање на многу мали табли, а дел од даската е шуплив внатре.

Оваа техника обезбедува доволно флексибилност за да сурфате, непречено влечење и стабилност на бранот.

Површината на табла е украсена со мотиви на змеј од 23-каратно злато и аквамарин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП