4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВозење на метан: „Audi A3 Sportback 30 G-Tron“ (ФОТО)

Возење на метан: „Audi A3 Sportback 30 G-Tron“ (ФОТО)

Покрај течниот гас, метанот (CNG) e уште една погонска опција која на возачите им овозможува заштеда, а и помага и на природата благодарејќи на помалата емисија на „CO2“.

За разлика од другите пазари во Европа значително се застапени автомобилите кои како погонско гориво може да го користат и „CNG“, па многу производители нудат верзии од своите модели на метан.

Меѓу нив е и „Audi“ кој го престави моделот „A3 Sportback 30 G-Tron“ со погон на компромотивен природен гас.

Покрај тоа, овој автомобил може да користи и биогас како погонско гориво.

Во него има 1.5-литарски „TFSI“ турбо-бензинец кој произведува 131 KS (96 kW) и 200 Nm достапни на 1.400-4.000 вртежи.

Моторот е поврзан со 7-брзински автоматски менувач, а моќта се пренесува на предните тркала.

Германскиот производител вели дека „A3 Sportback 30 G-Tron“ забрзува од 0 дo 100 km/h зa 9,7 секунди и развива максимални 211 km/h.

Автомобилот има три „CNG“ (два големи и еден помал) и еден бензински резервоар. Просечната потрошувачка на метан според „NEDC“ стандардот изнесува 3,6-3,5 kg/100 km, a „CO2“ емисијата е 99-96 g/km, велат од „Audi“.

Доколку безинскиот и двата големи „CNG“ резервоари се наполнети „до врв“, возилото може да мине 495 km (NEDC) или 445 km (според „WLTP“ стандардот).

Резервоарот за бензин се наоѓа под задната осовина и има капацитет од 9 литри, додека капацитетот на секој од двата поголеми „CNG“ резервоари е околу 7 kg, a се наоѓаат под багажниот простор. Помалиот исто така се наоѓа пред задната осовина.

„Audi A3 Sportback 30 G-Tron“ e, меѓу останатото, стандардно опремен со „LED“ фарови, 10,1-инчен екран од мултимедијалниот систем, дигитална инструмент табла, систем за предупредување за непосакувано напуштање на возната лента…

Цената на овој модел во Германија стартува од 30.705 eвра, a во евроските продажни салони ќе пристигне во текот на есента.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП