25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА92 години од првиот цртан филм со Мики Маус

92 години од првиот цртан филм со Мики Маус

Денес се навршуваат точно 92 години од првото прикажување на анимираниот цртан филм „Паробродот Вили“, кој е првиот звучен цртан филм во историјата.

Покрај тоа што претставува пресвртна точка во анимираните филмови, „Паробродот Вили“ е и првиот цртан филм на Мики Маус. „Паробродот Вили“ е краток цртан филм во режија на Волт Дизни и Уб Иверкс.

Произведен е во црно-бела боја од студиото „Волт Дизни“. Во ова остварување за прв пат се појавува Мики Маус, како и неговата девојка Мини. Тоа е исто така прв филм на Дизни со синхронизиран звук, како и прво остварување со неговата оригинална музика.

Веднаш по својата премиера, „Паробродот Вили“ станал најпопуларниот цртан филм на своето време. Во 1994 година, „Паробродот Вили“ е рангиран во 50-те најдобри цртани филмови на сите времиња, заземајќи го 13. место. Американскиот национален филмски регистар го карактеризираше како културолошко, историско и естетски значајно достигнување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП