среда, 7 декември 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАTом Харди е новиот Џејмс Бонд

Tом Харди е новиот Џејмс Бонд

Том Харди, наводно, е избран како следен Џејмс Бонд кој ќе го замени Даниел Крејг по „Не е време за умирање“, објави весникот „Дејли експрес“ повикувајќи се на извор близок до продукцијата.

Тој во последните неколку години беше еден од главните фаворити во обложувалниците. А сега, британскиот таблоид цитира извор дека Том Харди ќе биде новиот 007, замена за Крејг кој реши да се откаже од оваа улога. Сепак, ова не е официјална потврда и затоа таквото тврдење треба да се земе со мала резерва.

И други таблоиди тврдат дека уште во јуни се знаело дека Харди ќе ја добие улогата на славниот британски агент по успешната аудиција.

„Не е време за умирање“ првично требаше да почне да се прикажува во април, но, како и многу други високобуџетни филмови, премиерата беше одложена поради светската здравствена криза. Според последната најава, филмот ќе почне да се прикажува во киносалите во ноември, односно премиерата во Велика Британија е презакажана за 12 ноември, а онаа ширум светот за 25 ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП