26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНудат пари на младоженците: Овој прекрасен остров ќе ви даде 3.000 евра...

Нудат пари на младоженците: Овој прекрасен остров ќе ви даде 3.000 евра доколку одлучите да стапите во брак таму

Сицилијанските власти одлучиле да дадат по 3.000 евра на секој пар кој ќе одлучи да се венча на Сицилија, пишуваат италијанските медиуми. Локалните власти издвоија 3,5 милиони евра за таа цел, а понудата важи до 31 јули следната година.

Сицилија со своите барокни палати и вили, средновековните цркви и прекрасната природа е привлечно место за церемонии.

Најпознатата венчавка изведена на овој италијански остров е онаа од филмот „Кум“, кога синот на мафијашкиот кум се ожени со локална убавица. Ова филмско венчавање ја лансираше Сицилија како едно од најценетите места за свадбени церемонии и охрабри формирање на голем број мали семејни компании кои се занимаваат со подготовка и организација на свадбени церемонии.

До пандемијата на коронавирусот, на Сицилија, најчесто се венчале младенци од Америка и Јапонија, но карантинот речиси целосно ја укина активноста која носела годишен приход од 50 милиони евра.

Последиците од кризата влијаат не само на компаниите што организираат свадби, туку и на активностите поврзани со тоа, како што се угостителски објекти, фотографски услуги, келнери, хотели, печатници, а со загуби се и местата за изнајмување за свадби, и не само убавите сицилијански барокни вили и палати, туку и музеите, манастири…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП