ЗДРАВЈЕ

Домашен лек кој ги чисти вените, го чува срцето, ја зајакнува отпорноста на инфекции…

Овој природен препарат благотворно влијае на целиот организам, а многу едноставно се подготвува…

Овој лек го одржува оптималното здравјето на целиот организам – ги чисти вените, го штити срцето, ја зајакнува отпорноста на инфекции, го прочистува црниот дроб…..

Потребни ви се:

– 15 лимони

– 400 гр пченица (внимавајте да не биде термички обработена)

– 12 чешниња лук

– 400 гр ореви

– 1 кг мед

Пченицата (купете термички необработена пченица) ставете ја во голем стаклен сад, прелијте ја со вода, прекријте ја со газа и оставете ја да отстои 10-12 часа. Потоа, процедете ја преку газа и добро измијте ја. По еден ден, ќе се појават никулци со големина од 1-2 милиметри.

Сомелете го лукот, оревите и покиснатата пченица. Потоа сомелете и 5 лимони (заедно со кората) и додадете ги сите останати измелени намирници. Од останатите 10 лимони исцедете сок и додадете го во смесата. Потоа додадете го и медот. Се добро промешајте, ставете во поголема тегла и чувајте ја смесата во фрижидер. Препаратот ќе биде подготвен за консумирање по три дена.

Земајте 1-2 лажици од лекот 30 минути пред јадење (3 пати на ден).