20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПирло со триумф дебитира на клупата на Јувентус

Пирло со триумф дебитира на клупата на Јувентус

Тренерот Андреа Пирло имаше успешно деби на тренерското место во Јувентус, „Старата дама“ синоќа на домашен терен во 1. коло од Серија А ја победи Сампдорија со 3:0.

Головите ги постигнаа играчот за врска Дејан Кулушевски, дефанзивецот Леонардо Бонучи и напаѓачот Кристијано Роналдо.

Португалецот постигнува гол 19 сезони по ред. Претходно 35-годишниот Роналдо се запишуваше во листата на стрелците како играч на Спортинг, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП