25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes“ го покажа својот прв камион на водород (ВИДЕО)

„Mercedes“ го покажа својот прв камион на водород (ВИДЕО)

Германската компанија „Dailmer“ го претстави „Mercedes-Benz GenH2“ – првиот камион на брендот со водороден погон. Моделот дебитираше како концепт, а сериското производство ќе започне во средина на деценијата.

„Mercedes-Benz“ го карактеризира новиот производ како тежок, ултра-силен камион дизајниран за превоз на стоки на долги растојанија. „GenH2“ има бруто тежина од 40 тони и носивост од 25 тони, што е споредливо со карактеристиките на моделот „Mercedes-Benz Actros“ со традиционален мотор со внатрешно согорување.

„GenH2“ се напојува со два електромотори, од кои секој развива врвна моќност од 449 коњски сили и 2.071 Nm вртежен момент. Постојаната моќност на моторите е помала и изнесува 312 коњски сили (1577 Nm) за секој.

Моторите се напојуваат од енергија генерирана од систем на горивни ќелии од 300 киловати и батерија што може привремено да испорача дополнителни 400 киловати моќност. Постојат два резервоари за течен водород, од кои секој може да собере до 40 килограми. Оваа количество е доволно за 1.000 километри патување без полнење, според „Dailmer“.

Покрај иновативниот „GenH2“, компанијата го претстави прототипот на електричниот „eActros LongHaul“ (на сликата погоре), кој ќе се појави на производната линија во 2024-та година и ќе може да помине до 500 километри без полнење. Следната година, производството на верзијата „eActros“ ќе започне без додатокот „LongHaul“, што беше прикажан во 2018-та година. Неговата километража е нешто повеќе од 200 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП