24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМагијата на Танзанија

Магијата на Танзанија

Приватниот остров Лупита во Танзанија, нуди егзотичен и луксузен одмор. Островот се наоѓа во езерото Танганика и се простира на преку 50 хектари.

Доколку одлучите својот одмор да го поминете на ова рајско место, ви предлагаме лет од Амстердам до Кенија, па потоа лет од 50 минути до аеродромот „Килиманџаро“. После тоа, ве очекува возење со глисер до ова магично место.

tan2

Лупита островот нуди многу интересни активности, како што се нуркање, сурфање, сафари, прошетка низ островот и на поблиските интересни села…

tan3

Има 13 прекрасни вили за сместување. Секоја вила ви нуди прекрасен поглед преку второто најдлабоко езеро на светот, поседува базен, хидромасажна када, надворешни тушеви…

tan4

Одлично искуство ќе имате и во ресторанот, кој се наоѓа на највисоката точка на островот, што ви овозможува прекрасен поглед, а свежите морски плодови се секако вистински специјалитет.

tan5

Нормално, за ваквиот луксуз ќе ви биде потребно поголемо количество на пари, но ваквото искуство нема цена.

tan6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП