
Лука Дончиќ е избран во првата, а Никола Јокиќ во втората најдобра петорка на сезоната во НБА лигата. Во изборот на новинарите максимален број на гласови 500 добија само Јанис Адетокумбо и Леброн Џејмс. Најдобриот играч на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, 16 пат во кариерата е избран во најдобрата петорка во сезоната, што е рекорд во лигата.

