24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците враќаат 20% навивачи на стадионите, алкохолот забранет

Германците враќаат 20% навивачи на стадионите, алкохолот забранет

На фудбалските натпревари во Германија ќе биде дозволено присуство на гледачи, само 20% од капацитетот на стадионот, одлучено е по состанокот на претставниците на сите 16 германски сојузни држави.

Се наведува дека е договорено одлуката да се применува во текот на шестнеделниот пробен период.

Строго забрането ќе биде точење алкохол на стадионите.

„Ќе биде забрането и доаѓањето на гостински навивачи, а секоја влезница ќе биде персонализирана како би можело да се следи движењето на сите личности на стадионот. На сила ќе биде и мерката за физичка дистанца, а гледачите ќе мора да носат и маски“ – стои во заклучокот.

Новата сезона започнува во петок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП