16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Врба“ со номинација за најдобар меѓународен филм, Манчевски за најдобар режисер на...

„Врба“ со номинација за најдобар меѓународен филм, Манчевски за најдобар режисер на фестивал во Лондон

„Врба“ доби номинација за најдобар меѓународен филм, а Милчо Манчевски е номиниран за најдобар режисер на претстојниот фестивал „Рејнденс“ во Лондон, најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија и еден од најголемите во светот.

Жирито предводено од оскаровецот Џереми Ајронс ќе ги додели престижните награди во осум категории, во секоја се номинирани по три филма, а „Врба“ доби номинации во две категории.

Настапот на „Рејнденс“, што ќе се одржи од 28 октомври до 7 ноември, е и британска премиера на „Врба“, чиј продуцент е и легендарниот британски продуцент и основач на „Вирџин рекордс“, Ник Пауел. Организаторот на фестивалот го издвојува „Врба“ како еден од хитовите на програмата, а ќе се прикаже во селекцијата Женски поглед.

Поради пандемијата на Ковид-19, 28. „Рејнденс“ годинава ќе се одржи во хибридна форма, и онлајн и на живо во центарот на Лондон, со над 50 светски и британски премиери, а на 28 октомври ќе има гала отворање со „Стардаст“ на Габриел Рејнџ за Дејвид Боуви и периодот кога тој го создаде Зиги Стардаст, еден од највлијателните и најславните негови ликови.

Победата во конкуренцијата за краток филм на „Рејнденс“ исто така носи и квалификација за Оскар и за наградите БАФТА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП