18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКои работи го уништуваат нашиот имунитет?

Кои работи го уништуваат нашиот имунитет?

За добар имунитет кој функционира правилно, неопходно е редовно и секојдневно да се грижиме за правилната функција и одмор на телото.

Имунитетот се состои од низа на многу сложени процеси кои на комплексен начин се борат со страните организми во телото и ги отстрануваат со цел да им овозможат на органите непречено да си ја вршат својата работа. За да го зачуваме имунитетот потребно е да се трудиме што помалку да се наоѓаме во доленаведените ситуации, бидејќи така ќе бидеме многу посигурни дека имаме здрав имунитет кој функционира правилно и кој штити од разни заболувања.

Кои се тивките убијци на имунитетот?

Осаменост

Според научниците, осаменоста е влијателен тивок убиец на имунитетот. Без разлика на обврските кои ги имате, ако се дружите повеќе со вашите блиски и пријатели, ќе имате посилен имунитет. Бројни истражувања покажале дека осамените луѓе се многу посклони кон разни заболувања.

Антибиотици

Честото користење на антибиотици е голем уништувач на имунитетот. Антибиотиците треба да се користат кај бактериските инфекции и само толку колку што е пропишано. Непотребното земање на антибиотици или земањето на антибиотици како превентива ќе го намали имунитетот и ќе биде потребно многу време додека тој се врати на нормала. Не случајно лекарите велат дека антибиотикот е „меч со две острици”

Физичка неактивност

До еден час дневна физичка активност е онаа минимална граница за одржување на здрав имунитет. Со физичката активност циркулацијата е подобра и имунитетот поефикасен. Затоа е важно да се знае дека луѓето кои секојдневно седат и не се физички активни имаат многу поголем ризик од заболување со разни бактерии или вируси за разлика од оние луѓе кои се физички доста активни.

Нередовно спиење

Нередовното и недоволното спиење се едни од главните причини за лош имунитет. За правилно функционирање на имунитетот неопходно е и добар одмор. Секое оптеретување на организмот значи и ризик од многу заболувања, бидејќи имунитетот не е во состојба да не одбрани.

Нездрава исхрана

За ова не е потребно многу да зборуваме. Самите знаете дека и покрај се, сепак на прво место останува здравата исхрана како важен градивен елемент на добриот имунитет. Правилната исхрана, односно практикувањето на редовен внес на овошје и зеленчук се правило број еден за здрав имунитет, здрав организам и здрав дух.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП