27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнвеститорите ги чекаат Google, IBM i J&J

Инвеститорите ги чекаат Google, IBM i J&J

berza22

На европските берзи утрово се тргува внимателно, бидејќи инвеститорите чекаат нови квартални извештаи за неколку големи бизнис американски компании, како што се „Google“, „IBM“ i „J&J“.

ФТСЕурофист 300, индексот на водечките европски акции ослабе утринава до 9:30 часот, за 0,1 процент, на 1,164 бодови, по вчерашното минимално зголемување.

ЦАЦ од Париз, ФТСЕ од Лондон и ДАХ од Франкфурт во 9:30 часот беа речиси непроменети, во однос на вчерашното затварање на пазарот.

На Вол Стрит поради празниците, вчерашниот ден беше неработен, па денес се очекува продолжување на објавувањето на кварталните резултати од работењето на американските компании, од кои некои се лидери во своите сектори.

„Сите ги очекуваме бројките. Сезоната на квартални американски резултати од американските компании започна добро и тоа во минатата недела го поддржа пазарот“, вели Марк Прист, трговец во ЕТХ Капитал.

На берзата во Токио, индексот Никеи утринава ослабе за 0,4 проценти, на 10,709 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП