Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

Лавина од добра музика за 12-тото издание на Фестивалот на музика од светот

Време: 09:26

Датум: септември 15, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Од 18-ти до 20-ти септември во Битола ќе се одржи 12-то издание на Фестивалот на музика од светот.

„Светот заради пандемијата, денес ни е домашниот свет, а нашите уметници ги поддржуваме целосно, зошто само така ќе ја спасиме културата. Оваа година музиката ќе се спои со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, но создадени дома“ – изјави Маја Андоновска-Илијевски директор на НУ Центар за култура-Битола кој е организатор на овој фестивал.

Во трите фестивалски денови публиката ќе може да ужива на Хераклеја на 18-ти септември каде ќе биде изведен музичко-актерскиот перформанс „Патеки“. Во изведба на Камерниот оркестар на Битола со настап на специјалниот гостин од Операта во Малме, Шведска Дарко Нешовски, потоа солистите Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска, Тамара Стојковска. И актерите Анастазија Христовска, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов.

Целиот перформанс е во режија на Јован Ристовски. Локацијата е Хераклеа, почеток во 19.30 часот.

На 19-ти септември е сместена ОФФ програмата со пладневен концерт на ConTruDJ во Интермецо и со вечерната програма, “Ноќ на џез” во битолската Порта Џез.

За последната вечер, на 20-ти септември е најавен концертот на Владимир Четкар .

“Свирењето пред македонската публика е како враќање дома”-изјави  Четкар за концертот во Битола, кој ќе се одржи на локацијата – Пацио на Н.У. Завод и Музеј – Битола со почеток 19.30 часот.

Целиот визуелен идентитет за фестивалот е дело на графичката дизајнерка Ангела Христовска која има свое објаснување за крикот на уметникот во време на пандемија и неговиот гласен молк.

„Оваа ситуација не научи да го запознаеме и прифатиме својот микрокосмос и да го сместиме светот во неговите граници. Миксот на кирилично-латинична типографија е симбол на тој свет, присилно сместен во границите на нашиот микрокосмос. И само уметноста ја има моќта да ги премине тие граници” – објасна таа.

Влезниците за настаните на 18-ти и 20-ти септември се по цена од 200 денари. Концертите и настаните ќе се одржат по сите протоколи кои се предвидени за вакви настани.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Битола и „Кромберг & Шуберт“.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Ниту Ковид-19 не ја менува оваа статистика: Њујорк останува водечки финансиски центар

    Ниту Ковид-19 не ја менува оваа статистика: Њујорк останува водечки финансиски центар

    Њујорк го задржа првото место на светскиот ранг на финансиски центри, а Лондон го консолидираше своето второ место пред целосното излегување на Велика Британија од…

  • Растот на понудата на пари во еврозоната забави во август (ИНФОГРАФИК)

    Растот на понудата на пари во еврозоната забави во август (ИНФОГРАФИК)

    Годишната стапка на раст на монетарниот агрегат „М3“ или т.н. „широките пари“ паднаа на 9,5% во август 2020-та година од 10,1% во јули и во…

  • МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

    МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

    Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел да се запознаат со нејзините…

  • Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

    Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

    Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и околу 85 милиони како исклучително…

  • Променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд

    Променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд

    Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито, уште од утринските часови со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе…

  • Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

    Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

    Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните луѓе покажуваат соодветно ниво на…

  • Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

    Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

    Oд понеделник, 28.9.2020 година, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно…

  • Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Британските јавни заеми се зголемија на 35,920 милијарди фунти (45,8 милијарди долари) во август, што е рекордно високо ниво за месец, иако е под пиковите…

  • Европската комисија прави чекор напред во регулирањето на криптовалутите во блокот

    Европската комисија прави чекор напред во регулирањето на криптовалутите во блокот

    Како дел од новата иницијатива презентирана во четвртокот, Европската комисија ќе утврди јасни правила за криптовалутите, кои честопати не спаѓаат во рамките на традиционалното финансиско…

  • Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто

    Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто

    Прометот од продажба на услугите во второто тримесечје од годинава во однос на истиот период лани забележува пад од 34,8 отсто, објави Државниот завод за…