ЗДРАВЈЕ

Чудесната моќ на оревите

Ако секојдневно конзумирате една шака ореви, тоа не може да ја загрози вашата витка става, туку значително ќе го намали нивото на холестерол и ќе ве заштити од кардиоваскуларните болести. Фолната киселина го спречува таложењето на мастите.

Јаткастите плодови многу лица ги избегнуваат бидејќи тие се богати со калории, а всушност тие се многу здрави и потребно е редовно да се конзумираат.

Тоа особено се однесува на оревите, кои содржат протеини, јаглехидрати, незаситени масни киселини и богати се со минерали, пред се со селен, бакар, цинк, магнезиум, калиум, фосфор, железо, манган, хлор, витамини А, Ц, Е и Б и фолна киселина.

orevi11

Ако секојдневно конзумирате една шака ореви, тоа не може да ја загрози вашата става, но значително ќе го намали нивото на холестерол и ќе ве заштити од кардиоваскуларните болести. Фолната киселина во оревите го спречува таложењето на мастите во организмот, додека есенцијалните масни киселини ги прават крвните садови поеластични.

Минералот селен кој е достапен и во морските плодови, е многу силен антиоксиданс, тој го подигнува имунитетот и допринесува за подобро расположение.

Оревот содржи и мелатонин, супстанца која го релаксира организмот. Древните цивилизации го сметале за силен афродизијак и им го препорачувале на мажите и жените за подобрување на плодноста.