Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

GRNT 1,003.80 -0.02%    KMB 6,752.00 -0.04%    MTUR 3,900.00 -2.5%    UNI 2,400.00 0%    

Битрикс најавува година на танцот: Шестото издание на интернационалниот фестивал „Битрикс Танцова Лига’’ од 18 до 20 септември во Охрид

Време: 13:58

Датум: септември 14, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

И покрај пандемијата и сите случувања во светот, уметноста не смее да замре.

Танцовото студио Битрикс своите активности ќе ги започне со реализацијата на шестото издание на интернационалниот танцов камп и фестивал “Битрикс танцова Лига”, кој во соработка со Министерство за култура, Делегација на ЕУ во нашата земја и Europe House Скопје ќе се одвива од 18-20 септември на сцената на “Долни Сарај”, Охрид.

Во рамките на шестото издание на фестивалот ќе се реализираат 15 танцови работилници и три вечерни настани, меѓу кои: „Филмска вечер“ во рамките на која ќе се прикаже документарецот за хип-хоп културата кај нас „Сложувалка“ на Александар Ковиловски, втората вечер “All Styles Battle” –  битка во импровизација на солисти и третата вечер ќе биде посветена на младите кореографи и групи кои ќе се претстават со свои кореографии во рамките на “Young choreographers & Showcase Night”.

“Танцот е контактна дисциплина, се раѓа и живее поради енергијата која ја креираат повеќе лица на едно место, затоа и нашиот фестивал и камп носи посебна магија. Засега е единствениот кој собира огромна бројка на танчари на едно место со цел размена на знаење, искуства и практики. Оваа година, кампот ќе го реализираме од 18-20 септември под отворено небо на сцената на Долни Сарај во Охрид, следејќи ги протоколите за работа. Секоја година носиме гости предавачи од разни земји и континенти од светот. Досега имавме гости од Англија, САД, Холандија, Германија, Швајцарија, Италија, Украина, Естонија, Грција, Бугарија, Словенија, Србија, итн. Оваа година, за жал поради пандемијата нема да бидеме во можност да ги донесеме предавачите од Франција и Данска, но, нашите пријатели од Бугарија и Словенија ќе одржат предавања на сите учесници преку голем видео бим, а ќе успееме да ги донесеме тука предавачите од Србија. Со години работиме и на соработката помеѓу локалните артисти, па така покрај кореографиите од Битрикс Културен Центар, предавања ќе одржат и кореографиите од танцовите студија: АКВА, ВАЈБ, Абстракт од Скопје, One Way – Струмица и Соната – Охрид.

Битрикс, со својот силен тим, постојано се труди да им покаже со пример на младите дека упорноста и волјата секогаш се посилни од било кој предизвик, па затоа оваа година ќе биде посветена на создавање на танц за сите. Низ годините напорно работат на создавање услови за едукација на младите, како и креирање можности за надградување на младите во областа на танцот и перформативните уметности, а со тоа и даваат сопствен придонес во збогатувањето на културата кај нас.

Веднаш по кампот, во план е реализација на уште неколку активности кои имаат за цел да го вратат танцот во видикот на обичниот гледач и да зборуваат гласно за потребата тој да живее на сцената.

Предвидени се уште многу проекти во соработка со КСП “Јадро”, Американската Амбасада, Францускиот институт, Општина Центар и ЕУ Инфо Центар при што целта на сите ќе биде да ги истакнат младите кои континуирано творат и работат на оваа сцена, како и да им се создадат можности за креација и афирмација.

Битрикс танцовото студио се двократни светски вицешампиони, креатори на неколку претстави, меѓу кои и “Тишина” – претставата за подигнување на свесноста за семејното насилство, афирматори и силни поддржувачи на урбаната танцова сцена со голем број на реализирани проекти, како Битрикс Спешлс, Танцов Караван во соработка со УНИЦЕФ, како и единствениот танцов камп кај нас “Битрикс Танцова Лига”.

 

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Онлајн продавницата „Митра“ слави прв роденден со виртуелен „Митрафест“

    Онлајн продавницата „Митра“ слави прв роденден со виртуелен „Митрафест“

    Македонската онлајн продавница „Митра“ прославува една година постоење. По повод роденденот, а истовремено почитувајќи ја моменталната здравствена ситуација, „Митра“ го организира виртуелниот музички фестивал  „Митрафест“ на…

  • Шкендија загуби, но беше достоен ривал на Тотенхем

    Шкендија загуби, но беше достоен ривал на Тотенхем

    Последниот македонски претставник во фудбалските евро-купови за оваа сезона, тимот на Шкендија, вечерва загуби од Тотенхем со 1:3 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.…

  • Битола Старт-Ап Центар локално ќе креира и спроведува мерки за вработување

    Битола Старт-Ап Центар локално ќе креира и спроведува мерки за вработување

    Проектот Битола Старт-Ап Центар како локално партнерство за вработување кое вклучува соработка на јавни институции, академија, приватен сектор и невладини организации со своите капацитети ќе креираат и…

  • Се крчкаат нови правила, дозвола за градба само доколку објектот се приклучи на системот за парно греење!

    Се крчкаат нови правила, дозвола за градба само доколку објектот се приклучи на системот за парно греење!

    Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање до Министерството за транспорт и врски со кое се бара да се промени законот за градба и да се…

  • Награди за најдобрите на Европскиот квиз на парите

    Награди за најдобрите на Европскиот квиз на парите

    Македонската банкарска асоцијација, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ги наградија учениците со најдобри резултати на Европскиот квиз на парите и нивните ментори…

  • Познати сите двојки во плејофот од Лигата на Европа

    Познати сите двојки во плејофот од Лигата на Европа

    Сите двојки во плејофот од Лигата на Европа се веќе јасни. Последниот македонски претставник, тетовска Шкендија синоќа загуби во Скопје од Тотенхем на Муруњо со…

  • Сончево и топло до 31 степен

    Сончево и топло до 31 степен

    Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на…

  • Нови 152 заразени со Ковид 19, починале две лица

    Нови 152 заразени со Ковид 19, починале две лица

    Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти…

  • Ибрахимовиќ заразен со Ковид-19

    Ибрахимовиќ заразен со Ковид-19

    Златан Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирусот, информацијата ја објави „Кориере дела Сера“. Тимот на Ибрахимовиќ, Милан, за пет часа треба да го одигра натпреварот во…

  • Бизнис климата во Германија продолжува да се подобрува

    Бизнис климата во Германија продолжува да се подобрува

    Расположението кај германскиот бизнис продолжува да се подобрува во септември. Индексот на деловната клима на Институтот за економски истражувања „Ifo“ се искачи на 93,4 поени…