29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСледната година „Huawei“ ќе го лансира својот оперативен систем за смартфони

Следната година „Huawei“ ќе го лансира својот оперативен систем за смартфони

„Huawei Technologies“ ќе го лансира својот мобилен оперативен систем „Harmony“ во паметните телефони веќе следната година, изјави шефот за деловната активност на компанијата со потрошувачки уреди, цитиран од „Reuters“.

„Harmony OS“ се смета од компанијата за своја шанса да го замени оперативниот систем на „Google“ – „Android“.

Ричард Ју ги откри вестите за време на годишната конференција за програмери на „Huawei“, што се одржува во кинескиот град Донгуан. Исто така, објави дека компанијата има верзија „2.0“ на системот, кој беше претставен минатата година. „Huawei“ планира да отвори бета верзија за развивачите на апликации за паметни телефони во декември.

Додавањето на „Huawei“ на црната листа на САД во минатата година го спречи „Google“ да понуди техничка поддршка за новите телефони на кинеска компанија со „Android“, како и ограничување на пристапот до „Google Mobile Services“ (GMS).

Како резултат, падна продажбата на паметните телефони на компанијата во странство, иако подоцна „Huawei“ успеа да се компензира со посилната продажба на својот домашен пазар. Ју најави дека гигантот минатата година продал 240 милиони паметни телефони, но додаде дека недостатокот на софтвер влијае на компанијата во последните месеци.

„Huawei“ го рекламира „Harmony“ како платформа за многу уреди, вклучувајќи часовници, лаптопи и паметни телефони, наместо само како конкурент на „Android“.

Во август, САД ги проширија претходните ограничувања за да спречат „Huawei“ да добие пристап до чипови без посебна лиценца. Случајот опфаќа и чипови произведени од странски компании, кои, сепак, користат американски софтвер или технологија.

Аналитичарите велат дека мерките ја загрозуваат „круната“ на „Huawei“ како најголем производител на паметни телефони во светот, титула што ја освои оваа година, а неговиот бизнис со паметни телефони може целосно да исчезне доколку не најде начин за снабдување со полупроводници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП