3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто доминира во глобалните операции за перење пари?

Што доминира во глобалните операции за перење пари?

Традиционалните методи продолжуваат да доминираат во глобалните операции за перење пари, кои се проценуваат на 2 трилиони долари.

Ова се наведува во извештајот на Здружението за меѓународни меѓубанкарски финансиски телекомуникации (SWIFT).

Според порталот „ZeroHedge“, улогата на крипто-валутите во перењето пари честопати е претерана, додека „обичните“ пари и традиционалните криминални методи сè уште најчесто се користат за тие цели.

Методи како што се трговија со дрога, криумчарење пари или употреба на продажни места кои претежно прифаќаат готовина (кафулиња, пекари, ресторани) сè уште се најчести.

Во врска со нив, случаите каде што е евидентирана употреба на криптовалути за перење пари се на минимално ниво, а од „SWIFT“ наведуваат дека општата употреба на дигиталните валути од страна на сајбер криминалците е „многу ретка“.

Сепак, приватните крипто-валути и интернет-пазарите се наведени како растечка закана.

„Соодветни фактори го вклучуваат растечкиот број на алткоини (алтернативни крипто-валути) кои беа лансирани неодамна и кои се фокусираат на целосна анонимност за време на трансакциите“, се наведува во извештајот „SWIFT“.

Друга потенцијална алатка за перење пари е појава на специјализирани интернет-пазари за кои е потребна само електронска пошта, за да се овозможи размена на нелегални крипто-валути во недвижни средства како што се недвижнини или часовници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП