23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроблемите во производството на „787 Dreamliner“ продолжуваат да го оптоваруваат „Boeing“

Проблемите во производството на „787 Dreamliner“ продолжуваат да го оптоваруваат „Boeing“

Проблемите со леталата за долги дестинации „787 Dreamliner“ го ставаат веќе проблематичниот американски гигант на авиони „Boeing“ под дополнителен притисок.

Конкурентот на „Airbus“ во вторникот призна дека инспекциите поради можните дефекти во производството на моделот предизвикуваат одложувања во испораката. „Boeing“ сакаше прво детално да го испита авионот, соопшти компанијата. Со оваа информациија акцијата на компанијата забележа намалување, пренесува „Bloomberg“.

„Wall Street Journal“ напиша претходниот ден, повикувајќи се на владини документи и упатени лица, во врска со истрагите на американската авијација (FAA) за наводните неуспеси во производството и контролните недостатоци. Органот ја потврди истрагата за дефекти во производството на некои авиони „Dreamliner“. Сепак, сè уште е рано да се шпекулира за можните последици врз летањето.

„Boeing“ веќе западна во криза поради „737 Max“, кој беше забранет за летање по две несреќи. Дефекти во производството на „787“ исто така се пријавуваа подолго време. „New York Times“ уште во 2019-та година напиша дека „Boeing“ добил информации за безбедносните ризици, но некои од нив биле игнорирани. Весникот цитираше стотици страници од домашни е-пошти, документи на компанијата и документи на владата, како и интервјуа со повеќе од десетина вработени.

За „Boeing“, проблемите со „Dreamliner“ се горчливи, бидејќи производителот сака да ја врати самодовербата по откажувањето на „737 Max“, а „787“ е важен извор на приход. Покрај тоа, „Boeing“ долго време страдаше од многу откажани нарачки поради пандемијата, која на моменти скоро го запре меѓународниот воздушен сообраќај и многу авиокомпании наидоа на финансиски потешкотии. Во август биле повлечени повеќе нарачки отколку што биле додадени нови, според месечната статистика на „Boeing“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП