6 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИКЕА ќе отвара продавници во Индија

ИКЕА ќе отвара продавници во Индија

ikea2

Шведскиот производител на мебел Икеа е на чекор до отворање продавници во Индија откако владина агенција одобри инвестициски договор вреден 1,9 милијарди долари, јави ДПА.

Икеа наведе дека има планови за отворање 25 продавници во Индија во следните 15-20 години.

Планот на Икеа беше одобрен од Бордот за промоција на странски инвестиции и сега за него треба да се расправа во федералниот кабинет.

Владата во ноември дозволи 100-отсто странска инвестиција во тој сектор, укинувајќи го претходниот сооднос од 51 отсто. Инвестицијата на Икеа ќе биде најголема според новите прописи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП