29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУФЦ: Лудиот бразилски „нинџа“ овојпат делеше шамари во кафезот

УФЦ: Лудиот бразилски „нинџа“ овојпат делеше шамари во кафезот

Бразилската УФЦ сензација, Мишел Переира вели дека ја заслужил титулата за „Baddest Moteherfucker“ пред Хорхе Масвидал, по уште една акробатска победа, овојпат над Русинот Зелим Имадаев.

Переира, кој влезе во УФЦ благодарение на неговите акробатски потези при борбите во 2019 година (види видео подолу), повторно беше најзабавниот УФЦ фајтер во Лас Вегас, победувајќи го Имадаев во последните секунди од последната рунда.

27-годишниот Переира пак беше забавен во кафезот – удари со колено од скок, скокови од кафезот, но и шамари кои му ги подели на Имадаев, за на крајот да покаже дека го бива и за борење за победа.

„Дејна Вајт, Шон Шелби, го сакам ’БМФ’ појасот. Хорхе Масвидал пази се! Ти си следниот“, вели Переира.

Каков точно фајтер е Бразилецот може да се види од убавата колекција на неговите најатрактивни потези.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП