11 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да ги избегнете настинките и грипот?

Како да ги избегнете настинките и грипот?

Дали го избегнувате вашиот колега кој во последно време постојано кашла, и има симптоми на настинка и грип? Имате фобии од настинка и грип? Превземете неколку чекори пред грипот да допре до вас. Ова се советите од неколку медицински експерти со цел да ги избегнете настинките и грипот.

Држете дистанца – одржувајте растојание од лицата кои манифестрираат симптоми на настинка и грип, како течење од носот и кашлица.

Не го допирајте носот, очите, устата и лицето додека сте надвор. Тоа се најчести начини на пренос на вирусите.

Често миење на рацете – Мијте ги рацете колку што е можно почесто, особено доколку сте надвор, и се ракувате со некој со симптоми на грип и настинка. Користете течен сапун и топла вода, и мијте ги повеќе од 30 секунди. Доволно е двапати да ги премиете рацете во еден акт и вирусот да го снема од дланките.

Користете средства за дезинфекција – базирани на алколол, како влажни марамчиња и антисептични гелови.

Вакцинирајте се – доколку одлучите да се вакцинрате против сезонски грип, тоа треба да го направите пред почетокот на зимата.

Не јадете од колективни места каде што се служат салати и јадење кое секој може да го допре и да земе од него.

Чантите собираат вируси исто како и ние, па така можете да се ре-инфицирате секогаш кога земате нешто од ташната. Затоа преку зима користете чанта која е направена од кожа или винил.

Не ги грицкајте ноктите. Грицкањето на нокти може да ве разболи. Бактериите кои се наоѓаат под ноктите лесно можат да бидат ингестирани.

Пробајте да се насмеете. Според новите истражувања, среќата може да ви помогне. Сексот, позитивното размислување, играњето со домашниот миленик и други работи кои причинуваат задоволство ќе го подобрат вашиот имун систем.

Кивнете слободно, но не на дланките. Можеби звучи чудно, но кога мора да кивнете или да се накашлате, направете го тоа во превојот на лактот, а не во рацете. Бидејќи рацете се извор на бактерии, така ќе го спречите нивното ширење.

Практикувајте 8-часовен сон. Доколку сте изморени, Вашиот организам потешко се брани против инфекцијата.

Вежбајте – Одржувајте нормална дневна телесна активност. Со тоа го билдате имуниот систем кој полесно би се борел против инфекцијата

Откажете се од цигарите – чадот од цигарите го прави респираторниот систем поволна подлога за инфекции, бидејќи ги оштетува цилиите во носната шуплина.

Земете одмор. Ако сте болни тогаш ова е време кога треба да не се појавувате на работа. Останете дома и грижете се за себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП