6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕХотелот Eden Roc во Аскона

Хотелот Eden Roc во Аскона

ed1

Со своите совршени погледи на езеро кои го одземаат здивот и комбинирањето на италијанската култура со швајцарскиот допир, овој хотел ќе ве воодушеви. Локацијата на овој хотел го прави уште поубав. Има своја приватна плажа и марина. Исто така, тука се четирите ресторани на само пет минути од Аскона. Овој прекрасен хотел го дизајнирал Карло Рампаци со цел да ја прикаже убавината на езерото Маџоре и да ви даде чувство на релаксација и приватност.

Оценет е со пет ѕвездички и тој е единствен луксузен хотел во Швајцарија со своја приватна марина, како и цел репертоар со спортови на вода во текот на летните месеци, од едрење и луксузни моторни чамци, до скијање на вода и крстарење, како и часови по кајак.

Се на се, хотелот „Eden Roc“ е совршена дестинација за летување, со својот врвен и луксузен спа центар, два прекрасни базени, сауна, турска бања, како и седум соби за третмани кои имаат доволно место за уживање, а тука е и ледената фонтана, хидромасажните тушеви и уште многу други работи. Можностите кои ги имате во овој спа центар, буквално, се неограничени.

Што се однесува до сместувањето, хотелот се состои од 42 соби и 37 апартмани а се наоѓа на пола час од Милан Малпенса и на три часа од аеродромот во Цирих.

ed2

ed3

ed4

ed5

ed6

ed7

ed8

ed9

ed10

ed11

ed12

ed13

ed14

ed15

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП